На денешната прес конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека по вчерашната одлука на основниот суд Скопје 1 Скопје не го признава судството како независна власт во Македонија.
“Изјавувам дека од денес не го признава судството во Македонија како независна власт, од денес кажувам јавно дека нема да го почитувам судот, нема да се јавувам на рочиштата за процес кој е монтиран директно од Никола Груевски. Без никакви докази јас сум обвинет. Согласно кривичниот закон ги повикувам органите да дојдат и да ме уапсат, јас сум во седиштето на СДСМ или во кампот на слободата пред Влада. “,изјави на денешниот прес лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Извор : РеволуционерМк