ЗАЕВ НА 1 ТВ: За мене двајцата свиркачи кои ги изнесоа бомбите од ДБК се како богови, им се поклонувам, тоа што не се вратени во МВР е затоа што тоа ќе им помогне на обвинетите од СЈО, затоа што тие се клучни сведоци во постапките!

0
1435

– Често се поставува прашањето зошто не се вратени назад во МВР двајцата свиркачи Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски и некои се сомневаат дали јас нив ги ценам. Па за мене тие се како богови, им се поклонувам, без нив можевме само да сонуваме за слобода од Груевизмот! Причината зошто не се вратени во МВР е затоа што тие се клучни сведоци против обвинетите од СЈО и ако се вратат назад во МВР ќе мора да бидат тргнати како клучни сведоци и со тоа ќе им помогнеме на Груевски и Мијалков и Јанкуловска да се спасат од заслужена казна!

Премиерот Заев на 1 ТВ.