Sunday, May 25, 2025
10.8 C
Skopje

Заев на средба со шпанскиот амбасадор: Потребен е нов ветер за иднината на Македонија

spanski amb zz

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска се сретнаа со амбасадорот на Кралството Шпанија во Р. Македонија, Рамон Абароа Каранза.

Политичката криза во Република Македонија и можните излезни решенија биле тема на средбата.

Претседателот Зоран Заев рекол дека доказите што ги објавува СДСМ во јавноста ги потврдуваат забелешките нотирани во извештаите на Европската комисија, ОБСЕ и другите релевантни меѓународни организации, за злоупотреби за време на изборни процеси, за постоење селективна правда, за владина контрола врз медиумите, за партизација и приватизација на институциите во Македонија од страна на Никола Груевски и неколкумина негови соработници.

„Потребен е нов ветер за иднината на Република Македонија. Објавувањето на Вистината за Македонија потврди дека првите луѓе на судството и обвинителството се под директна контрола на врвот на власта. Се потврди дека лошата состојба со медиумите е последица на воспоставената директна контролата на власта којашто оди дотаму што се нарачуваат прилози во вестите. Тоа мора да го промениме и никогаш да не се повтори. Враќањето на слободата и демократијата во нашата држава ја отвора таа можност, во интерес на сите граѓани.“ рече Заев.

Претседателот Заев го повтори ставот на СДСМ дека преодна Влада којашто ќе создаде услови за фер и демократски изборен процес е излезно решение од длабоката политичка криза во којашто се наоѓа Македонија.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ПОВРЕДЕНА ЖЕНА ВО ШТИП ПРИ ЕКСПЛОЗИЈА ОД ПЛИНСКА БОЦА

Вчера во 11.43 часот во СВР Штип е пријавено...

КАЛАС: ВАЖНО Е МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ

Северна Македонија беше првата во регионот што потпиша партнерство...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ