Заев на средба со Хан ВО СЕДИШТЕТО НА СДСМ : СДСМ има обврска да ја сподели вистината со граѓаните

0
444

Sredba-Zaev-Han1-540x304

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката, Радмила Шекеринска, генералниот секретар, Оливер Спасовски и претседателката на Комисијата за европски прашања, Лидија Димова, денеска во седиштето на СДСМ се сретна со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, придружуван од амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Тема на разговорот беа актуелната политичка ситуација во Република Македонија и загрозените демократски процеси во државата.

-Скандалот со прислушувањето на 20.000 граѓани, упадот на власта во функционирањето на Јавното обвинителство, на судовите, местењето обвинителско – судски процеси, се само мал дел од доказите што ги поседуваме за урнисувањето на уставниот поредок на Република Македонија од страна на Никола Груевски и неколкумина негови соработници, рече претседателот Зоран Заев.

Претседателот на СДСМ најави дека Социјалдемократскиот сојуз има законска и морална обврска Вистината за Македонија да ја сподели со граѓаните и тоа ќе го стори, во насока и со единствена цел, враќање на уставниот поредок во Македонија, на слободата и демократијата и нормализација на државата.Sredba-Zaev-Han1-540x304