Заев на средба со новиот италијански амбасадор Ромео: Добар животен стандард по промените во декември

0
534

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Р.Италија во Р.Македонија, Карло Ромео.

Транспарентен и фер изборен процес на којшто граѓаните ќе ја изберат својата Влада е очекувањето што го пренесе италијанскиот амбасадор.

Фокусот на средбата беше важноста на предизборниот и изборниот процес за враќање на Р.Македонија на нормален колосек и отворање на закочените перспективи.

-СДСМ е силно посветена во декември да има регуларни избори, зашто само такви избори се излез од политичката криза во Македонија. Истовремено активно работиме на потребните клучни реформски процеси што по промените во декември ќе обезбедат добар животен стандард за граѓаните, поддршка на домашните претпријатија за зајакнување на економијата, функционирање на правната држава, на професионални медиуми, на институции посветени на граѓаните, рекол Заев.

На средбата амбасадорот Ромео соопшти дека Италија останува силен поддржувач на евро-атлантските аспирации на Македонија.

Заеднички е констатирано дека прв чекор кон стабилна и сигурна иднина на граѓаните е демократизација на Република Македонија.