Wednesday, April 23, 2025
9.8 C
Skopje

Заев на средба со коалициските партнери: Македонија ќе добие Влада што ќе работи во интерес на сите граѓани во државата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски вчера попладнето се сретна со партнерите од коалицијата.

„Упатени се честитки и поддршка на претседателот Заев за упорноста, храброста и мудроста со којашто тој го водеше целиот процес околу организирањето и спроведувањето на парламентарните избори коишто донесоа промени во Македонија.

Партнерите се согласни дека на изборите победи концептот на заедништво, наспроти концептот на поделби, бидејќи над 600.000 граѓани дадоа поддршка за живот, против режимот.

Констатирано е дека демократските промени во Македонија веќе се случуваат. Македонија ќе добие Влада што ќе работи во интерес на сите граѓани во државата.

Се разговараше и за реализацијата на првите приоритети што ќе донесат добар живот за граѓаните, како и за реализацијата на реформските приоритети од Извештајот на Прибе што ќе ги отворат перспективите на Македонија кон светот.

На средбата стана збор и за отворање можности за коалицирање со цел формирање стабилна Влада на сите граѓани на Република Македонија“, стои во соопштението на СДСМ.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВИСОКО НИВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски,...

ЉУТКОВ ЗА ТВ СИТЕЛ НАЈАВИ УТРЕ ДО 16 ЧАСОТ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева...

ХАРВАРД ЈА ТУЖИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ