Заев на средба со амбасадорката на ОБСЕ: Иванов да ја почитува мнозинската волја

0
667

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членот на И.О на СДСМ, Љупчо Николовски попладнево се сретна со амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, придружувана од шефот за политички прашања Џеф Били.

На средбата претседателот Заев ги искажа очекувањата на СДСМ околу формирањето на новата Влада во Македонија, како и следните планирани чекори во насока на реформските процеси во земјава.

-Сите во државата, вклучувајки го и претседателот Иванов, мора да ги почитуваат и да ги следат изборот и очекувањата на мнозинството граѓани, кои се изјаснија за промени. Нашиот став е дека треба што поскоро да почнат процедурите за формирање на новата Влада на сите граѓани на Македонија, рече претседателот Заев.ZaevOBSE2

Тој објасни дека основа на приоритетите на СДСМ се извештаите на Прибе и на Европската комисија за реализација на потребните реформи за функционирање на инстутуциите исклучиво во интерес на граѓаните.

-На изборите победи концептот на заедништво и ние така ќе ја градиме Македонија, во едно општество за сите, во држава на граѓани со еднакви права и обврски и со услови за квалитетен живот, рече претседателот на СДСМ, Заев на средбата со амбасадорката на ОБСЕ, Суомалаинен.