Wednesday, July 16, 2025
21.8 C
Skopje

Заев на средба со амбасадори на ОБСЕ, согласност за нарушените слободи и права, узурпацијата на судството, медиумите…

Раководството на СДСМ денеска имаше средба со висока делегација амбасадори на ОБСЕ.

SDSM-OSCE-540x338

Сето она што мисијата на ОБСЕ/ОДИХР го наведе во последниот Извештај за изборите во Република Македонија, за нарушените слободи и права на граѓаните, узурпацијата на правосудниот систем на државата, партизираноста на институциите и загрозената слобода на медиумите се потврди со доказите и аргументите што ги обелодени СДСМ, согласни беа двете страни, известуваат од партијата.

Z.Zaev_-540x338

Заев на средбата истакнал дека СДСМ го води овој процес преку ширење на Вистината за Македонија до граѓаните на Република Македонија. Прислушувањето на над 20 илјади граѓани од страна на Никола Груевски и неколкумина негови соработници е удар врз уставниот поредок на Република Македонија.

OSCE-540x304

Заев истакнал дека за СДСМ решението на политичката криза е преодна влада преку којашто ќе се организираат фер и демократски избори.

СДСМ е цврсто решена да ги врати слободата и демократијата во Република Македонија. Членството во Европската унија и НАТО се единствената алтернатива за државата, нагласи претседателот Заев.

ОВАА НЕДЕЛА

МВР ВРАБОТУВА 150 ПОЛИЦАЈЦИ

Јавен оглас за прием на 150 нови поициски службеници БИДИ...

КАЛАС: СОВЕТОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ЕУ НЕ ПОСТИГНА ДОГОВОР ЗА 18-ОТ ПАКЕТ САНКЦИИ КОН РУСИЈА

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ