Заев на средбата со Каранза: Концептот на заедништво е новата сила што ќе ја поведе земјата напред

0
890

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Р.Македонија, Рамон Абароа Каранза.

На средбата се разговашае за актуелната политичка ситуација и заеднички беше констатирана важноста од отворање на европските перспективи на земјата коишто ќе ги вратат демократските процеси и ќе обезбедат добар живот за граѓаните.IMG_2666

,, Од исклучителна важност за земјата е да се почитува волјата на граѓаните кои одлучно се определија за промени и живот во Македонија. 612.000 граѓани со глас и пенкало поразија режим. Мнозинската волја на граѓаните мора да биде испочитувана до крај и од тие причини нашите очекувања се дека Никола Груевски до 29 јануари ќе го врати мандатот и дека ќе се формира нова и одговорна Влада согласно волјата на граѓаните. Новата Влада на граѓаните посветено ќе пристапи кон спроведување на реформските приоритети од извештаите на Прибе и Европската Комисија за да се отворат демократските процеси во земјата“ рече претседателот Заев.

Тој ја истакна важноста на концептот на заедништво што го избраа граѓаните и рече дека тоа е новата сила и енергија што ќе ја поведе земјата напред кон стабилна и економски просперитетна иднина за сите нејзини граѓани.