Заев на бугарската амбасада и доставил материјали за прислушувани бугарски дипломати

0
419

zaev-obvinitelstvo24f-1-640x320

Постојат записи од прислушувани телефонски разговори на амбасадори на Бугарија во Македонија, потврдил во интервју за бугарската агенцијата Фокус, лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.

Според Заев, сите записи на дипломатите им биле врачени лично, а овој процес не бил транспарентен согласно Виенската конвенција. Заев посочил дека записи добиле неколку амбасади и многу амбасадори, бидејќи во некои од амбасадите имало промена на дипломатите.

Заев го навел примерот со американската амбасада, каде биле прислушувани двајца амбасадори, пренесува Фокус.