ЗАЕВ МУ СПРЕМА НА МИЦКО ШАХ – МАТ: Ќе го активира двотретинското мнозинство ако ВМРО-ДПМНЕ бојкотира претседателски избори?

0
648

Доколку се исполнат најавите на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, дека опозицијата може да ги бојкотира претседателските избори што следуваат така што да не може да се постигне едвај достижниот цензус од 40 отсто, премиерот Зоран Заев би можел повторно да го активира двотретинското мнозинство во СОбранието, односно она истото кое ги изгласа уставните измени во петокот.

Овој пат тоа би било иницијатива за нови уставни измени, но сега за изборот на претседател и тоа тој да се одвива во самото Собрание, брифираат владини избори. Процедурата би траела 100-тина дена, а претседател на државата за тоа време како вршител на должност ќе биде собранискиот спикер Талат Џафери.

Со овие уставни измени би се заменил начинот на избор од непосреден во посреден, а еден од мотивите е да се избегнат „уцените“ со нови барања на опозицијата, меѓу кои и предвремени парламентарни избори.

За да бидат успешни, во вториот круг треба да излезат 40 отсто од запишаните избирачи, а во редовна ситуација тие би биле распишани на 3 февруари.

Извор: Фактор