Monday, December 2, 2024
8.8 C
Skopje

ЗАЕВ МУ ОДГОВОРИ НА ГРУЕВСКИ : НЕМАМ ФИРМА ВО ДУБАИ, АКЦИИ ВО АВИОКОМПАНИЈА, СТАНОВИ ВО ТАЏИКИСТАН, БОЛНИЦА ВО ДУБАИ

„Такви работи можат да кажуваат само луѓе со криминален ум или докажани криминалци”, вели Зоран Заев во одговор на прашањата од Плусинфо во врска со наводите на Никола Груевски во статус на Фејсбук.

Редакцијата на порталот Плусинфо денеска го праша поранешниот премиер Зоран Заев дали се точни наводите во еден Фејсбук статус од неговиот претходник Никола Груевски, кој тврди дека Заев вложил и инвестирал сомнителни пари во повеќе бизниси на Исток.

Го прашавме Заев за сите наводи на Груевски, нагласувајќи дека бараме одговор и за него (Зоран Заев) и за било кој друг член на неговото семејство.Заев одговори брзо. Ова е неговиот интегрален одговор:„Одговорот на сите прашања е НЕ.

КОЛКУ ТРЕБА ДА ИМА ПАМЕТ НЕКОЈ, ЗА ДА ТВРДИ, ДА ПОВЕРУВА И ВООПШТО ДА ПИШУВА ЗА ТАКВА БУДАЛАШТИНА? ТАКВА РАБОТА МОЖЕ ДА КАЖУВААТ САМО ЛУЃЕ СО КРИМИНАЛЕН УМ ИЛИ ДОКАЖАНИ КРИМИНАЛЦИ.

1. НЕ, јас немам фирма во Дубаи.

2. Не, јас или било кој од семејството Заеви немаме акции во било каква авионска компанија во Пакистан или Индија.

3. НЕ, јас или било кој од семејството Заеви немаме инвестирано во градба на апартмани во Таџикистан.

4. Не, јас или било кој од семејството Заеви немаме инвестирано во болница во Дубаи од над 100 милиони евра.

Се надевам дека мојот одговор на вашите прашања ќе го објавите интегрално и без било каков коментар, како што впрочем напишавте во вашиот допис до Заев Фондација – Едно Општество за Сите”.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ