ЗАЕВ МОЌНО: 100 000 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА, ПРОСЕЧНИ ПЛАТИ ОД 600е, МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 300е, БЕСПЛАТНА ЗЕЛЕНА НАФТА ЗА СИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ, 250 КИЛОМЕТРИ АВТОПАТ, 300 КИЛОМЕТРИ ЕКСПРЕСНИ ПАТИШТА, 1000 КИЛОМЕТРИ ЛОКАЛНИ ПАТИШТА, 500 КИЛОМЕТРИ ВОДОВОДИ И КАНАЛИЗАЦИИ…

0
955

Правна држава конечно, работа за сите, нови 100 000 работни места, просечни плати од 600е, минимална плата од 300е, многу капитални проекти, многу патишта, многу водоводи и канализации вети вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– До крајот на мандатот ќе имаме затворено 80% од поглавјата во преговорите со ЕУ!

– Две милијарди евра од ЕУ фондовите за нашата земја!

– Воведуваме зеленчук и овошје во сите училишта, реновирање на сите студентски домови, покачување на пензиите и социјалната помош!

– Земјава ќе биде еколошки чиста, за тоа ќе дадеме пари но ќе агитираме и сите граѓани да се вклучат во тој потфат!

Нашата програма се состои од 5 столба:

– 100 000 нови работни места и раст на платите

– грижа за сите, социјала и едно општество за сите

– еко држава

– одиме во НАТО и ЕУ

– правда, ред и поредок!