Заев: Можна е светла иднина за Македонија и ослободување од режимот што ја зацрни!

0
885

Во интервју за порталот МКД.мк опозицискиот лидер Зоран Заев зборува за битката со режимот на Груевски, за договорот од Пржино и колкави се шансите договореното да се спроведе, за неговото неверување во актуелното судство и селективноста која се спроведува, за обвинителот Зврлевски кој работел под директна контрола на Груевски, за очекувањата од специјалниот јавен обвинител и зошто не се исполнило неговото предвидување дека со објавување на бомбите Груевски по три денови сам ќе си поднесе оставка.

zaev-intervju

„Да имаа Груевски и неговите соработници минимум совест, ќе го стореа тоа по само еден од низата обелоденети скандали, не за три дена, туку уште истиот ден на објавувањето. По сè што поминавме изминатите 9 години со оваа власт, не верувам дека некој има дилема за недостигот од морални и демократски капацитети на Груевски. Но тоа не значи дека треба да ги прекинеме очекувањата за едно совесно постапување, напротив, треба да ги нагласуваме и да ги бараме, кај секој човек, политичар, но посебно ако е носител на висока владина функција, па уште премиер. Тоа што Груевски не постапи совесно само ги потврди перцепциите со каков човек и со каква власт имаме работа, што од оваа дистанца мислам дека се покажа лошо за него“, вели Заев за МКД.мк.

Прашан дали ке го одржи ветувањето ако Груевски си замине од премиерската функција спремен е и тој да не седне во фотељата на Илинденска 2 опозицискиот лидер вели:

“За постигнување на искрената, исконска цел што ја имам пред себе, слободни граѓани, во слободна и демократска Македонија, реков, подготвен сум, без никакви калкулации, и на моја оставка, ако тоа му ја олесни на Груевски одлуката за оставка. Толку е чиста намерата со којашто влегов во оваа битка, а никој и ништо нема да ме поколеба да се борам до крај за она во што верувам, дека е можна светла иднина за Македонија и ослободување од режимот што ѝ ја зацрни. Ќе инсистирам на реализација на договореното и на фер и демократски избори, на коишто граѓаните слободно ќе можат да ја изразат својата волја, што ќе биде обврска што ќе мора да ја почитува секој од нас“.

За бомбите кои можеби ќе ја откријат вистината за Монструм Заев ветува – никој нема право да ја скрие вистината, специјалниот јавен обвинител ќе ги има во раце и тие снимки.

Целото интервју со Зоран Заев прочитајте го ОВДЕ.