Заев: Можат да прават што сакаат, но да нè исплашат не можат!

0
481

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денешното приведување и одредување куќен притвор за двајца членови од партијата „Левица” го нарече апсурдно и безобразно, во духот на однесувањето на власта во сите овие години.

Опозицискиот лидер порача дека апсењето на демонстранти нема да ги заплаши и дека протестите ќе продолжат.

– Можат за било кој да поднесат кривична пријава, да отворат истражна или предистражна постапка, но да приведуваат луѓе, тоа е безобразие и сакаат да испратат порака на заплашување на граѓаните. Може да прават што сакаат, но да не исплашат не можат. Ние сме се повеќе и продолжуваме да протестираме секој ден низ цела Македонија, изјави Заев.