Заев кон Ел Чека: Дајте ми негов број да му се јавам и да го прашам – Зошто бе пријателе објавуваш бомби само за Ахмети, но не и за мене?

0
719

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција јавно го праша ликот со псевдоним Ел Чека, зошто не објавува „бомби“ за него, туку само за лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Ме интересира зошто има приватни разговори само за ДУИ. Ако некој има телефон од господинот Ел Чека нека ми го даде. Да го прашам „зошто бе пријател објавуваш „бомби“ само за Ахмети, но не и за мене“. Еве, нека објави и за мене. Треба да знае дека има одговорност за тоа, постои закон за тоа. Се имаме обратено до сојузниците во држави од каде мислиме дека тоа се прави, објавувањето на снимките“, одговори премиерот на прашање за „бомбите“ на Ел Чека.