ЗАЕВ И ЉУПЧО СЕ ФАТИЈА ЗА МЕТЛАТА И ВО СОПСТВЕНИТЕ РЕДОВИ, РАЗРЕШЕНИ 9 ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ОПШТИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ НА СДСМ

0
7282

Изгледа најавениот мерит систем во СДСМ, се спроведува и во пракса. Партиски извори за Iportal информираат дека по иницијатива на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, вечерва, претседателот Заев разрешил 9 претседатели на општински организации на СДСМ.

Изворите наведуваат дека дел од причините се незадоволителна работа, но и недостапност за граѓаните и членовите, несоодветно однесување и делување спротивно на социјалдемократските вредности.

По преземањето на одговорноста на местото генерален секретар на партијата, двоецот Заев- Николовски постојано ја менува СДСМ, забележан е систем на константно следење, мониторинг на работата и преземање конкретни чекори во оваа насока. Само за потсетување, минатата година имаше целосна смена на кадровските решенија на локално ниво. Како продолжување на оваа политика Николовски го најави на последниот дигитален Конрес. Целта е зголемена ефикасност и мобилност на партијата која ќе овозможи континуитет во работата, исполнување на програмите и ветеното пред граѓаните.