Заев и Шекеринска на средба со министерот за надворешни работи на Белгија, Рејндерс

0
571

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска имаа средба со белгиска делегација предводена од министерот за надворешни работи и европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс.

Zaev Rejnders 01

Нарушените слободи и права на граѓаните, узурпацијата на правосудството, на медиумите и на државниот систем од страна на Никола Груевски и неговите соработници и можните излезни решенија, биле темите на разговорот.

– Нов републички јавен обвинител, нов обвинител за организиран криминал, средување на состојбите во медиумската сфера и преодна Влада којашто ќе ги организира и спроведе следните избори во Македонија се инсистирањата на СДСМ во насока на излез од ситуацијата во којашто се наоѓа Македонија, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој го објасни скандалот со прислушувањето и обелоденетите криминално – корупциски афери во коишто се инволвирани Никола Груевски и најтесниот врв на власта, поради што оваа Влада повеќе нема легитимитет пред граѓаните на Македонија.

На средбата стана збор и за притисоците што продолжува да ги прави Груевски врз правосудството како и за следните чекори на СДСМ и на опозицијата.

– СДСМ е решена да ги врати слободата и демократијата во Македонија и од тоа отстапки нема да има, соопшти претседателот Зоран Заев на министерот за надворешни работи и европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс.