ЗАЕВ : И МАКЕДОНЦИТЕ И ГРЦИТЕ СМЕ ЕВРОПЕЈЦИ И ТРЕБА ДА СЕ СПРОТИСТАВИМЕ НА КСЕНОФОБИЈАТА

0
86

„ЦЕЛИОТ ДЕМОКРАТСКИ СВЕТ, НАШИТЕ ЗАЕДНИЧКИ ПРИЈАТЕЛИ, ПАРТНЕРИ И ПОДДРЖУВАЧИ КАЖАА ДЕКА ОВОЈ ДОГОВОР Е ЧЕКОР СО КОЈ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ МОЖАТ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД МИНАТОТО И ДА ЗАЧЕКОРАТ ВО ИДНИНАТА. ЗАТОА ГО ПОВИКУВАМ ЛИДЕРСТВОТО ВО ДВЕТЕ ЗЕМЈИ ДА ПОКАЖАТ ОДГОВОРНОСТ КОН ГРАЃАНИТЕ И КОН ДРЖАВИТЕ. ГИ ПОВИКУВАМ ДА ГО ПОЧИТУВААТ ТОА ШТО ГО КАЖУВААТ. АКО ВЕЛАТ ДЕКА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА Е РЕАЛНОСТ И ДЕКА ЌЕ ГО ПОЧИТУВААТ, ТОГАШ ДА ПОЧНАТ ДА ГО СПРОВЕДУВААТ ВО ПРАКСА, БИДЕЈЌИ ТОЈ СЕ ПОЧИТУВА САМО СО АКЦИЈА“ РЕЧЕ ЗАЕВ. 

Поранешниот премиер додаде дека тој и Алексис Ципрас презеле одговорност за решавање на проблемот и ја платиле политичката цена за тоа, но сега почитувањето на договорот е полесниот дел и одговорен за иднината на граѓаните и државите.

„АЈДЕ ДА ГРАДИМЕ МОСТОВИ И ПРИЈАТЕЛСТВА МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ. ДА СЕ ТРГНЕМЕ ОД ПРОВОКАЦИИТЕ И ЗЛОУПОТРЕБИТЕ КОИ КРЕИРААТ БЛОКАДИ. ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ И РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ЗАЕДНИЧКИ ПРИОРИТЕТ“ РЕЧЕ ЗАЕВ.