ЗАЕВ И БОЧВАРСКИ ПРВИ ВОЗЕА ПО НОВИОТ ПАТ ШТИП – РАДОВИШ : ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ИНФРАСТРУКТУРЕН РАЗВОЈ СЕ ЗА ПРОСПЕРИТЕТНА ИДНИНА ЗА СЕГАШНИТЕ И ГЕНЕРАЦИИТЕ ШТО ДОАЃААТ И ОД ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА

0
797

„Од денес граѓаните ќе можат да патуваат по експресниот пат Штип – Радовиш, кој е комплетно завршен со должина од 23,56 километри од клучката Штип-југ до Бучим. Оваа прва фаза е завршена на 22 април годинава, пред предвидениот рок, во услови на пандемија. Кога застана целиот свет, тука се работеше интензивно. Така, во рок од три години, согласно предвидената динамика добивме завршен проект по сите европски правила за подигнување на нивото на безбедност во сообраќајот и изградба на експресен пат по најсовремени стандарди. Сакам да напоменам дека во последните триесет години ова е единствениот пат завршен пред предвидениот рок и силно верувам дека овој тренд на прецизност, висока професионалност и без никакви проектни и градежни отстапувања ќе се следи и во иднина“, рече премиерот Зоран Заев во воведното обраќање по повод пуштање во употреба на експресниот пат Штип-Радовиш, прва фаза.