ЗАЕВ И БОЧВАРСКИ ИЗВРШИЈА УВИД НА ПАТОТ КРИВОГАШТАНИ – ЖИТОШЕ : ВЛОЖУВАМЕ ВО ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ НА ГРАЃАНИТЕ, ЗА ПОВИСОК ЖИВОТЕН СТАНДАРД И ЗАБРЗАН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

0
207

„Рехабилитацијата на ваквите експресни регионални и локални патишта, кои изминативе години, како и годинава, се изведуваат очекуваме да го поттикнат економскиот развој. Секоја подобрена инфраструктура дали е тоа регионален или локален пат, дали е тоа вложување во канализациони мрежи и слично значат севкупно подобрување на животот на граѓаните, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на увид на реконструкција на патниот правец Кривогаштани-Житоше, каде по речиси четврт век се изведуваат градежни активности.

На настанот, на кој присуствуваа и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски, градоначалникот на Општина Кривогаштани, Рубин Шефтероски, градоначалникот на Општина Долнени, Џемил Ќамили и директорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“, Беким Мемеди, премиерот Заев истакна дека овој патен правец ги поврзува општините Кривогаштани и Долнени, но е од огромно значење за развој на целиот овој регион.

Премиерот Заев истакна дека изминатиов период на дело се гледа добрата соработка меѓу централната и локалната власт, при што Владата води грижа за развој на сите региони со цел граѓаните без разлика дали живеат на село или во град да имаат подобри услови за живот.