ЗАЕВ: ИАКО Е ПОЕВТИНО ДА ГО КОРИСТИМЕ ХЕЛИКОПТЕРОТ СЛУЖБЕНО ЗАТОА ШТО И ОНАКА МОРА ДА ЛЕТА ПРАЗЕН, НЕМА ЧЕСТО ДА ГО КОРИСТИМЕ – СТРАВ МИ Е ОД ЛЕТАЊЕ

0
141

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на Канал 5 рече дека ги слушнал критиките од граѓани за денешното летање со хеликоптер до Прилеп, но вели дека леталото секако морало да лета за да ги исполните часовите, а и било поевтино отколку да патува со автомобил при што треба да го следат и уште два други автомобили.

Видов дека граѓаните реагираа. Пилотот и леталото мора да летаат макар и празни, часовите мора да ги исполнат. Јас не бев приватно во Прилеп, бев службено. Хеликоптерот троши помалку од Заев и две коли кои го следат. Ја исполнив мојата агенда. Леталото и пилотот мора да ги исполнат часовите. На времето Груевски одеше приватно до Грчка со хеликоптери, па беше мк. Јас давам секогаш одговори. Никој не ме прашува дали сакам, можеби ми е страв. Трет или четврти пат го користам хеликоптерот за службени потреби, откри Заев.