Thursday, March 20, 2025
-3.2 C
Skopje

Заев за Топ чанел: Мета на прислушување биле и министрите Албанци

Министрите на ДУИ биле прислушувани додека разговарале со нивните колеги министри и влијателни луѓе од Тирана и Приштина, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервјуто за албанската телевизија „Топ Чанел“.

zaev top canal

-Тој материјал  нема да го објавиме, бидејќи тоа не е етички за министрите на другите земји. Наши министри биле предмет на прислушување, но, тие разговарале со своите колеги во Приштина и во Тирана. Разговорите биле прислушувани, но тие се дел од таа историја и ова е лошо, прво за мојата земја, која  дозволила такво нешто – изјави Заев во интервјуто.

Лидерот на СДСМ истакна и дека допрва ќе бидат објавени нови снимки на прислушувани разговори за сериозни злоупотреби на изборите и државнито буџет, како и криминал што, според Заев,  ќе предизвика големи дебати во јавноста.

– Прислушувните разговори на некои владини претставници откриваат злосторствата извршени против оние кои не се во власта, како и нивните семејства. Едно нешто сум сигурен – оваа влада ќе си оди и е само прашање на време кога ќе се случи такво нешто, изјави Заев.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОСТОИ МОЖНОСТ САД ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД УЛОГАТА ВОЕН ЛИДЕР НА НАТО

Администрацијата на Доналд Трамп размислува да се откаже од...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ