ЗАЕВ ЗА ТЕЛМА : Договорот од Пржино е мртов, сега се можни сите сценарија!

0
593

Договорот од Пржино е погребан затоа што е донесена еднострана одлука од страна на Никола Груевски и Али Ахмети, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пренесе Телма.

Според Заев, договорот од Пржино е мртов бидејќи најсериозната карика од овој договор е организирање на Владата за подготовка на изборите и споведување на самите избори. Тој е урнисан со едностраната одлука на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети.

– Секако оправданиjата за овие чекори се нивни и тоа никако не зависи од опозицијата. Но истовремено сите сме свесни дека единствен излез од кризата е комплексен, а тоа е спроведување на кредибилни и легитимни избори. Сето друго е непосакувано сценарио кое може да ѝ се случи на Македонија – вели Заев.