Поранешниот премиер Зоран Заев пак, за „Слободен печат“:
Колку треба човек да е забеган во умот да кажува и тврди вакви глупости. Суетните само чекаат да се фатат на вакви будалаштини за да си ја залечат суетата. Заеви вработуваат преку 1000 луѓе во Македонија.
Така било пред да бидам во политиката, така било додека сум бил во политиката, така е и сега после повеќе од 3 години како трајно сум заминат од политика. Не градам никаква кула во Дубаи, тоа е целосна невистина, рече Заев.