ЗАЕВ ЗА ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ : МИЦКОСКИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА НИЖИ ПОРАЗИ ЗАТОА ШТО НЕМА СТАВ, ЗАТОА ШТО ВОДИ ПОЛИТИКА НА ШТЕТА НА ГРАЃАНИТЕ

0
235
Мицкоски ќе продолжи да нижи порази, затоа што води политики кои се етницентрични, кои се против нашето мултиетничко општество, порача вечерва претседателот Зоран Заев во гостувањето во Дневникот на Сител Телевизија.
„Од една страна ја повикувате Левица на коалиција и тоа како коалиција која е против НАТО, коалиција против ЕУ, коалиција за исмејување на стратешкиот партнер САД? Коалиција која што е против соседите? Коалиција која што е против Албанците? А од друга страна влегувате во коалиција со албанска политичка партија. Толку да се нема став по сите овие политички прашања се навистина да се изначудите и на крајот да заклучите зошто и ќе продолжи да нижи порази господинот Мицкоски.“ порача Заев коментирајќи ги најавите за предизборни коалиции.
Претседателот Заев посочи дека на 17 октомври ќе одлучуваат граѓаните кои ќе ја избираат најдобрата понуда за нивната општина.
„Ова се избори каде одговорноста и одлуката е кај граѓаните не е кај политичарите. Ние не ги носиме гласачите во џеб, никој од нас. Одговорноста и одлуката на граѓаните доаѓа согласно нивниот впечаток на состојбите нивниот поглед кон кандидатите и нивната верба во иднина во својата општина во која ќе гласаат. Прво, политиките кои се етноцентристички, кои се контра мултиетничкото наше општество кои зборуваат за чиста Македонија е првата причина за која што око не ми трепнува дали некој  ќе влезе во некоја коалиција. Јас ви тврдам денес, дека поддржувачите на Алијанса нема да гласаат за ВМРО – ДПМНЕ ниту пак подржувачите на ВМРО – ДПМНЕ ќе гласаат за Алијанса. Не заради тоа што мене тоа ми се допаѓа дека ќе имаат помалку гласови како опозициони партии тоа е израз на нивните политики.Кој како сака нека влегува во коалиција, на изборите одлучуваат граѓаните кои ја бараат најдобрата понуда, кои не сакаат кочења блокади и поделби.“ заклучи претседателот Заев.