Во интервју за бугарската агенцијата Фокус, лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, потврдил дека постојат записи од прислушувани телефонски разговори на амбасадори на Бугарија во Република Македонија.
Заев посочил дека записи добиле неколку амбасади и многу амбасадори, заради промена на дипломатите во неколку амбасади, каков што бил примерот со американската, каде биле прислушувани двајца амбасадори, пренесува Фокус.
Заев потврди дека сите записи на дипломатите им биле врачени лично.