Заев за Алсат-М: Не точно дека сум се сретнал со Бекир Асани и ми се заканувал

0
662

Во синоќешното интервју за „Патот кон“ за Алса-М  опозицискиот лидер Зоран Заев ги отфрли шпекулациите на провладините медими дека претседателот на Чаирскиот огранок на ДУИ, Бекир Асани, му дошол во кабинет и му се заканувал по живот.

-Не тоа не е точно, никогаш таква средба немало, можеби на некоја конвенција сум го сретнал,сум се поздравил, но средба од таков карактер немало – изјави Заев.

Заев за објавените бомби во кои актери наводно се Ермира Мехмети и Муса Џафери кои жестоко беа критикувани рече дека тие снимки одговорно тврди дека не потекнуваат од СДСМ.

-Што имаме корист така да и правиме на Ермира Мехмети со која многу често имавме слични ставови за случувањата во државата. Зошто би го правеле тоа и како ако сме ние би можеле во иднина да сметаме на соработка со нив, со Ахмети, со Џафери со Ермира. Тоа му одговара само на Сашо Мијалков и Никола Груевски – додаде тој.

Заев искажа и разочараност од последните потези на Ахмети како политичар кој во статутот на партијата ја има како примат Македонија во НАТО и ЕУ.

-Ахмети изминатите години знаеше да се бори за тие заложби, за жал во последно време слепо ја следи политиката на Никола Груевски – рече тој.

Заев истакна дека е сигурен дека зад општата амнестија од председателот Иванов стои лично Никола Груевски.

Тој нагласи и дека му е посебна чест што во СДСМ има девет илјади членови Албанци.

-Минатата недела во Бутел бев среќен како дете. Меѓу 300-те книшки за нови членови 180 беа за Албанци. Тоа ме прави среќен, мора да градиме мултиетничка Македонија, држава заедничка за сите нас – изјави опозцискиот лидер Зоран Заев.