Wednesday, April 30, 2025
19.8 C
Skopje

Заев : Давам оставка на функцијата градоначалник, заминувам на местото премиер на Република Македонија!

По оставката на Катерина Кузмановска од функцијата советник која ја извршуваше и заменик градоначалничката функција на општина Струмица, првиот човек на општината Зоран Заев за свој заменик ќе го постави советникот Костадин Костадинов.
Заев ова јавно го изјави на денешната седница на Советот на општина Струмица на која се носеше Буџетот.
Тој истакна дека за него ова е последна седница а во наредниот период ќе следи престанок на неговиот мандат и постапката за именување в.д. Градоначалник на Струмица за следните избори
,, Во следните денови настапува престанок на мојата функција Градоначалник заради започнување на друга функција. Согласно законот сакам да ја информирам јавноста дека во наредниот период за заменик Градоначалник ќе го именувам советникот Костадин Костадинов кој ќе ја извршува функцијата се до законското назначување на ВД градоначалник на Струмица,, рече Заев
Освен на Кузмановска, Советот на општина Струмица ја прифати и оставката на Коста Јаневски од функцијата советник. Тие двајцата заради освоените пратенички мандати на псоледните ибори си дадоа оставки а на нивните места беа верификувани мандатите на Фатмаѓул Аџи и Бранко Божинкочев.

ОВАА НЕДЕЛА

СТЕФКОВСКИ: АСФАЛТИРАНА УЛИЦА ВО ЦРЕШЕВО

✅АСФАЛТИРАНА УЛИЦА ВО ЦРЕШЕВО. Денес бев во Црешево за да...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ