ЗАЕВ ГО ПРАШАЛ БОЈКО БОРИСОВ : КАКО ТОА – СИТЕ НАСТАНАЛЕ ОД АДАМ И ЕВА, САМО МАКЕДОНЦИТЕ ОД БУГАРИТЕ?

0
399

Премиерот Зоран Заев во емисијата „Утрински брифинг“ истакна дека проблемот со Бугарија е смешен. Тие кажуваат дека ја прифаќаат реалноста за македонскиот идентитет и јазик, но бараат да ги видат корењата.

Тој оцени дека бугарскиот народ на претходните избори покажа дека сака европско лидерство и лидерство кое решава проблеми.

Заев се обидел на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов да му ја долови апсурдноста на ставот на Софија внесувајќи библиски мотиви. „ Кога сум разговарал со Бојко Борисов и ќе ме праша како го сфаќате вие тоа со корењата јас одговарав: ‘По науката сите сме настани од мајмуните, а по религијата сите сме од Адам и Ева. И како тоа само Македонците да се од Бугарите или обратно во цел свет?’“, изјави Заев денеска за „Утрински брифинг“.