ЗАЕВ ГО ОСТВАРУВА ОНА ЗА КОЕ НАРОДОТ ГО ГЛАСАШЕ – НАД 70 РАБОТНИ МЕСТА И БРУТО ПЛАТИ ОД 2.000 ЕВРА СО НОВАТА ИНВЕСТИЦИЈА НА ,,АЛМАК” И ,,ДУРА АУТОМОТИВ СИСТЕМС”

0
244

„Новата инвестиција ќе донесе нови и добро платени работни места, што е од голема важност за економскиот раст во земјава. Остануваме посветени на подигнување на стандардот и условите за живот во Северна Македонија“, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање по повод означување на почетокот на новата прва јужнокорејска инвестиција во нашата земја, од страна на компанијата „Алмак-Дура Екстружн“ во Технолошко-индустриската развојна зона – Скопје 2.

Премиерот Заев рече дека станува збор за заедничка инвестиција во вредност од 29.9 милиони евра во земјава, на две глобално реномирани компании во својата дејност американската „Дура Аутомотив Системс” и јужнокорејската „Алмак“.