Заев ги изби главните аргументи на пропагандата – бесмисленото барање за резолуција за геноцид, како и тотално неприкладните „пандорини кутии“ за грбот, химната, банкнотите

0
1286

Претставувањето на “Програмата на новата Влада на Република Македонија“ е добар ПР, но и суштински потег на СДСМ. Тоа е обид да се изложат партиските позиции на СДСМ vis-à-vis барањата на ДУИ-БЕСА-АЛИЈАНСА, но и да се отвори (конечно!) “црната кутија“ наречена Платформа која пропагандата на ДПМНЕ обилно ја користеше во изминатиов период, меѓу другото и за да предизвика високи тензии во општеството. Со овој настап на Заев избиени се главните аргументи на пропагандата, а тоа се реално бесмисленото барање за резолуција за геноцид, како и тотално неприкладните “пандорини кутии“ за грбот, химната, банкнотите итн.

Но, а тоа е едно големо НО, сега на потег е Али Ахмети да се изјасни дали ја прифаќа ваквата “владина програма“ и дали ќе успее да го сфати моментот и безбедносно-политичката ситуација во која се наоѓа Република Македонија. Со еден збор, да изигра за Македонија и да ги отфрли сите сомнежи дека е неверодостоен партнер на СДСМ.
Исто така, Зијадин Села треба да престане да игра на “мали голчиња“ со бесмислени тези кои ги навредуваат етничите Македонци, а БЕСА да покаже дека не флертува со ДПМНЕ преку грбот на Али Ахмети.

П.С. Јаловата и изнудена прес конференцијата на Антонијо Милошоски покажува колку е во моментов “тенка“ нивната аргументација. А зошто баш Антонијо е пуштен низводно, тоа е веќе внатрепартиско прашање…

Фејсбук статус на Гордан Георгиев