ЗАЕВ ГИ ЗАСУКА РАКАВИТЕ И ПОЧНА ДА РАБОТИ, ЕВЕ ГИ РЕЗУЛТАТИТЕ : Ги прекинавме кампањите на Си-ен-ен и Би-Би-Си и сите можни кампањи во државата и веќе заштедивме 10 милиони евра!

0
1833

Премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница соопшти дека Владата ги прекина договорите за рекламните кампањи на Си-Ен-Ен и Би-Би-Си и договорите со, како што наведе, квази советници. Со тоа и останатите преземени мерки, рече, изминатите 15 дена се заштедени 10 милиони евра.

– Ги прекинавме кампањите на Си-ен-ен и Би-Би-Си и сите можни кампањи кои се правеле во државата, ги раскинавме договорите на квази странски експерти, ги раскинавме договорите за одржување на целиот информатички систем на 14 информатичари во Владата, информира Заев, реплицирајќи на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои обвинија дека наспроти предизборните ветувања за намалување на министерските ресори во Владата, бројот е зголемен, што предизвикува дополнителни трошоци.

Заев воедно апелира оние кои отсуствуваат по 10 – 20 дена, да почнат да одат на работа.

– Што да правиме со луѓето кои по десеттина-дваесет дена не се појавиле на работа? Законот вели по три дена ненајавено отсуство престанува работниот однос. Уште еднаш апелирам да си доаѓаат на работа, потенцира премиерот, одговарајќи им на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои го обвинија дека ги изневерил ветувањата дека новата Влада нема да има повеќе од 20 министри, а сега има 26 министри и 26 заменици, со што покажал недоследност во однос на Буџетот и неговото трошење.