Заев: Времето на Груевски заврши, промените се незапирливи!

0
697

По обраќањето на Груевски пред ДИК, на својата Фејсбук страница се обрати лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

Почитувани граѓани,

Да не дозволиме никакви провокации од никого вклучително и од оној што 10 години ја упропастуваше Македонија.

Неговото време заврши.

Институциите мора да си ја завршат својата работа согласно Уставот и законот. Од одлуките на ДИК и Управниот суд не зависи кој ќе формира Влада но тие се важни заради вистината и фактите. Граѓаните со огромно мнозинство гласови, повеќе од 600.000 гласаа за промени. Промените ќе се случат и тие незапирливо доаѓаат без разлика што на врхушката на ВМРО ДПМНЕ и е тешко тоа да го прифати.

Промените се здрави за секоја држава така и за Македонија.

Повикувам на достоинствено и трезвено однесување.

Повикувам на трпение и воздржаност.

Повикувам на одговорност кон државата и граѓаните.

Доаѓа слобода за сите граѓани, за сите кои гласаа за промени и за сите кои беа уценети и притиснати од Груевски.

Македонија ќе оди напред. Ќе има живот за сите.