ЗАЕВ: ВРАБОТЕНИТЕ ВО ТВ АЛФА ДА БИДАТ СПОКОЈНИ, АКО РАБОТЕЛЕ ИСПРАВНО НЕМА ВЛАКНО ДА ИМ ФАЛИ

0
1350

Тој вели дека нема тенденција во финансиските контроли на телевизија Алфа.

„Контролите на медиумите се составен дел на работењето на инспекциите. Ниту има тенденција, ниту некаков посебен однос. Ќе се направи записник и ќе се констатира дали има или нема недостатоци. Секој има право на жалба. Факт е дека коментарите на новинарите на Алфа се опозициони и апла како да се излезени од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа решив и да не се појавувам како гостин во тој медиум. Но, критичноста треба да живее, колку и тоа да не ми се допаѓа мене. Но, тоа не значи и да не влезе инспекцијата.“– вели премиерот Зоран Заев, во интервју за неделникот Фокус.

Тој ја повика телевизијата доколку има притисок или пристрасност од инспекторите да изнесат докази.

„Начинот на кои се направени расходите и приходи е работа на инспекциите, УЈП, Финансова полиција. Дел од расходите сигурно се поврзани со програмската шема. Тие не садат патлиџани, па тоа да се бара од нив. Државата си ја извршува својата функција. Ако имаат забелешки за политичка пристрасност или притисок, нека бидат гласни и изнесат докази. Јас ќе бидам првиот што ќе реагира. Човек сум кој верува во слободата на медиумите и новинарството.“– дополнува Заев.