ЗАЕВ : ВО 2018-ТА ГОДИНА СУБВЕНЦИИТЕ ГИ ЗГОЛЕМИВМЕ ЗА 20% ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ОВОШНИ НАСАДИ ,А ОВАА ГОДИНА ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА ИСПЛАТИВМЕ 9,5 МИЛИОНИ ЕВРА СУБВЕНЦИИ ЗА ОВОШТАРСТВОТО

0
933

Оваа Влада секогаш ќе биде во дослух со потребите и реалните очекувања на земјоделците и овоштарите. 🧑‍🌾 Ние знаеме да го цениме и вреднуваме нивниот труд и придонес за нашата економија и затоа носиме одлуки кои се во нивен интерес.

Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги креираат сите неопходни политики за поддршка на земјоделството, па така и за стимулирање и развој на овоштарството.

Во 2018 година, за 20 % ги зголемивме субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен капацитет, а субвенцијата за предадени јаболка 🍎 се зголеми од 2 на 3 денари по килограм.

Оваа година и покрај корона-кризата и глобалната економска криза, ги исплативме субвенциите за овоштарство во износ од околу 9,5 милиони евра, а Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година бележи висок степен на реализација.

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев.