ЗАЕВ ВЕДНАШ МУ ОДГОВОРИ НА АДЕМИ ЗА ПРОМЕНАТА НА ИМИЊАТА НА УЧИЛИШТАТА ВО ЧАИР : ПОСТАПКАТА ЗА ПРОМЕНАТА НА ИМИЊАТА НА УЧИЛИШТАТА ВО ЧАИР Е НЕЗАКОНСКА

0
560

Лидерот на СДСМ го повика Централниот регистар веднаш да ја корегира одлуката за впишување на новите називи на двете училишта

Постапката за промена на имињата на две училишта во Чаир е незаконски спроведена, затоа што не постои одлука на Советот на општината, оцени лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тој порача дека Централниот регистар веднаш мора да ја корегира одлуката за впишување на новите имиња.

„Со записник на некој училишен одбор, надвор од законските прописи, е спроведена одлуката и се доставени материјалите. Ги повикувам институциите да постапат по закон . Ние немаме проблем со тоа. Законодавецот предвидел како може да се смени назив на училиште“, изјави Заев.

Запрашан дали, во изминатиот период, како коалициски партнер на ДУИ бил консултиран за постапката за промена на имињата на училиштата, Заев рече дека бил информиран за тоа на состанок со службите што работеле на усогласување на програмите.

„Бев информиран дека има таква постапка и прашан како треба да се води. Јас одговорив ’строго по закон’, треба да се постапи по закон . Ние немаме потреба да отвараме рани на некакви си национализми. Ние сме земја во која владее правото, каде што граѓаноите имаат еднакви права, но и еднакви обврски. Ако се постапува по закон, и постапките ќе бидат легитимни“, рече Заев.

Министерот за образование Арбер Адеми, претходно, објави на фејсбук дека се променети имињата на две училишта во Чаир  – „Никола Вапцаров“, кое сега се вика „Исмаил Ќемали“ и „Рајко Жинзифов“ кое сега е „Имри Елези“. Тој објави и документација од Централниот регистар.

Извор : 360 степени