Заев: Ако нема 2/3 мнозинство ќе следи Централен одбор на СДСМ и ќе си понесеме одговорност

0
1120

Премиерот, Зоран Заев, најави дека ако не бидат изгласани уставните амандмани во Собранието, ќе следува Централен одбор на СДСМ на кој биде понесена одговорност.

-Деновите се броени, денеска треба да се гласа првиот амандман, ако не се гласа, одговорноста ќе си ја понесеме сите за процесот. Ако се изгласа среќата ќе ја споделиме. Ако нема мнозинство следува Централен одбор на СДСМ и понесување одговорност. Ние ставивме се на оваа карта. Верувам до небото во овој процес, од непроценлива важност е за сите граѓани. Но на крај одговорноста е на пратениците – изјави Заев во пресрет на вториот ден од собраниската расправа за уставните амандмани.

Тој додаде дека на самиот акт на гласање, односно дека со првиот амандман ќе се знае дали е обезбедено 2/3 мнозинство.

Во врска со преговорите со БЕСА, тој рече дека државјанството ќе остане „македонско/ граѓани на Република Северна Македонија“, како што е предвидено со Договорот.

-БЕСА е принципиелно поставена во ова прашање како што се осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тие се поставени како први, но не и единствени заштитници на македонскиот идентитет. Суштината на БЕСА е формулацијата „македонско/ граѓани на Република Северна Македонија“ да не се остава впечаток дека остантите заедници ќе бидат Македонци. Овде се изнаоѓа технички аспект на решавање. Секако дека државјанството е македонско и така ќе остане, нема диллема за тоа. БЕСА не бара да се смени идентитетот, будното око на осумте пратеници токму тоа го прави. Јас сум тука за да се изнајде техничка формулација, како држвјани да бидеме Македонци кроз граѓани на Северна Македонија, а другите заедници да не бидат Македонци затоа што не се Македонци, туку се на пример Албанци од Македонија, Турци од Македонија и.т.н. – рече Заев.