ЗАЕВИЗМОТ ПУШТЕН НА НАЈЈАКО : Кривична за шест доктори, хирурзи и анестезиолози од струшката болница за родилката што остана без матка, бубрег и јајник

0
240
DCIM100MEDIADJI_0059.JPG

Против шест медицински лица од струшката болница на чело со директорот, доктор Мухамед Асани, поднесена е кривична пријава за тешки дела против здравјето на луѓето, од член 217 од Кривичниот законик, дознава ,,Слободен печат” од свои добро упатени извори.

Кривичната пријава до основното јавно обвинителство во Струга е поднесена од адвокатската канцеларија Јанев, застапник на Јалдз Веапоска од Дебар, жената која по извршеното пораѓање во струшката болница остана без јајник, матка и бубрег. Кривичната пријава е против доктори гинеколози, хирурзи и анестезиолози. Кривичниот законик предвидува затворска казна за тешките дела против здравјето на луѓето.