Задолжителен 14-дневен карантин во Бугарија за наши државјани при влез во таа земја

0
300

Бугарското Министерство за здравство издаде наредба за задолжителен 14-дневен карантин за лица кои од Северна Македонија ќе пристигнат во Бугарија.

Имено, како што јави БГНЕС, со истата наредба се укинува задолжителниот двонеделен карантин за граѓаните кои пристигнуваат од Босна и Херцеговина и од Црна Гора во Бугарија.

Двете промени се предложени од Главниот државен здравствен инспекторат на Бугарија по оценката на епидемиолошката состојба и ризикиот од ширење на Ковид-19 во Бугарија