ЗАГИНАТИОТ ВО ПРЕСТРЕЛКАТА КАЈ ,,ПЛАСТИЧАРСКА” Е ПЕЈАЧОТ АМАР ИСМАНИ

0
105

(Фотографија извадена од видео спот) Во престрелката на Пластичарска која ноќеска се случила после полноќ загина пејачот и блогерот Амар Исмани. 29-годишниот Ислами бил застрелан и префрлен во болница, но лекарите не успеале да го спасат неговиот живот.

Во престрелката се ранети и Омар Бериша и Трим Асани. Двајцата се згрижени во болница каде им се извршени хируршки зафати и им се санирани раните од огнено оружје. Обвинителството изврши увид и во тек е истрага.

Според првичните информации, престрелката се случила на булеварот Никола Карев (Пластичарска) во Скопје после полноќ, а повредените се префрлени во Клиничкиот центар и на Хируршката клиника во старата Градска болница. Од болниците ги пријавиле ранетите во МВР.

Веднаш по пукањето, пристигнале и повеќе полициски возила, а од околните куќи притрчале и повеќе десетици луѓе. Пејачот Амар Исмани бил најтешко повреден и им подлегна на повредите во болница.

Исмани е млад пејач кој своите песни ги изведува на албански јазик, а имал соработка со пејачи и од Косово и Албанија. При гостувањата на медиумите истакнувал и дека е успешен блогер, а има и сопствен Youtube канал. Создавал и настапувал под името AMAR.