Полицијата завчера привела дваесетмина луѓе кои во кафеана во скопско Стајковци кои не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот.
„А1он“ дознава и пренесува дека меѓу приведените се новинарот Миленко Неделковски, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, разрешениот судија и поранешен претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски и Александар Митевски од „Инфомакс“.
„На 26 февруари во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на ул. „6“ во село Стајковци, сопственост на Силвана Петковска. Во објектот се затекнати околу 20 лица кои се приведени во ПСОН Гази Баба поради непочитување на мерките за заштита од Ковид – 19, за понатамошна постапка“, извести МВР.
Друштвото во Стајковци било многу поголемо од приведените, но многумина успеале да избегаат во моментот кога полицијата влегла во објектот. Акцијата била на иницијатива на Државниот пазарен инспекторат. Директорот Стојко Пауновски за „А1он“ рече дека досега имале неколку дојави дека во кафеаната во Стајковци се прават забави, но во моментот кога инспекторите се појавувале на лице место забавите биле завршени.
Целиот текст на А1он.