Friday, January 24, 2025
1.8 C
Skopje

Заврши истрагата за „Моќник“, наскоро обвинение за пратеникот Милошоски

Истрагата за случајот “Моќник”, во кој еден од осомничените е пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, е завршена, дознава “Фокус” од извори во Обвинителството. Ова значи дека наскоро ќе биде поднесен и обвинителен акт, кој доколку биде позитивно оценет, ќе следува и судски процес.

Истрагата за овој случај ја отвори СЈО, а од неодамна републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески ја овласти обвинителката Фатиме Фетаи да го доврши предметот. Засега е непознато дали обвинение ќе биде поднесено за сите 13 лица кои на стартот беа осомничени, а меѓу кои беа и пратеникот Милошоски и неговиот татко.

Според информациите кои СЈО ги објавуаше јавно, под влијание на Милошоски, кој го опишуваа како моќен пратеник, багателно се распродавал имотот на државата и општински имот, на негови блиски луѓе, а преку измама на советниците во општината.

Според СЈО, во 2011 година, градоначалникот Милосим Војнески, поттикнат од Милошоски, за неговиот татко да добие имотна корист, ги довеле во заблуда советниците, прикажувајќи им лажни факти, да донесат одлука за отуѓување на зградата на „Здружениот дом“ во Пласница, со што била предизвикана штета од 50.000 евра.

Поточно, таткото на Милошоски ја купил зградата во која била сместена администрацијата и градоначалникот на општина Пласница и две месни канцеларии, кои воопшто не биле во сопственост на Македонски Брод, туку на име на државата.

Според исказите кои советниците ги дале во СЈО, посочиле дека тие едногласно ја донеле одлуката за продажба, но не знаеле дека всушност одобруваат продажба на зграда во која била сместена општина Пласница. Откако, пак, градоначалникот на Општина Пласница дознал дека општината и неговиот кабинет се продадени, му се јавил на пратеникот Милошоски и побарал да влијае да се ревидира работата, а побарал и од Владата да ја испита продажбата.

Владата формирала комисија која утврдила дека продажбата е незаконита, и го задолжила градоначалникот со тужба да бара поништување.

Иако градоначалникот не поднел тужба, сепак кај Милошоски предизвикал гнев и, според СЈО, ја искористил својата политичка моќ, па од име на претседател на Комисијата за надворешна политика поднесувал барања за секаков вид инспекциски и полициски контроли врз „Пуцко петрол“. Но, тоа не било сѐ. Сметајќи дека еден судија од Основниот суд во Кичево е близок со градоначалникот на Пласница и го штити, го поттикнал претседателот на Комисијата за лустрација Томе Аџиев, кој исто така е осомничен во предметот, да го лустрира судијата, за да му престане функцијата. За ова СЈО како доказ поседува телефонски разговор меѓу Милошоски и Аџиев.

Аџиев постапил по барањето на пратеникот и заедно со членовите на комисијата го прогласиле судијата за кодош, односно донеле нарачана одлука за лустрација на судијата Драги Билески.

Како резултат на оваа одлука Судскиот совет подоцна го разреши сега починатиот судијата Билески.

ОВАА НЕДЕЛА

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД КАКО ШТО ГО ЛИЧИ СО НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ ОД 2-1 ГО ПОБЕДИ ГЛАЗГОВ РЕНЏЕРС НА ОЛД ТРАФОРД

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед преку неизвесен и драматичен финиш...

МИЦКОСКИ СО РЕАКЦИЈА ДО ГРЧКОТО МНР: СЕ ЧУДАМ ОД КАДЕ ТИЕ СЕ ПОЧУВСТВУВАА ПОВИКАНИ

Премиерот Христијан Мицкоски не ја разбира реакцијата на грчкото...

ТРИ ЖЕНИ ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП

Фото : Скриншот ,,РадиоПела". 22.01.2025 во 14.45 часот на бул.„Гоце...

ТРАМП ОД ДАВОС ПОБАРА ДА СЕ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ЗА ДА ЗАПРЕ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Американскиот претседател Доналд Трамп, во неговиот прв поголем јавен...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ