Правдата е една од највисоките општествени вредности и најважна цел кон која се стреми владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за современо, демократско и организирано општество, стои во соопштението на владејачката партија.
Од таму велат дека благосостојбата на сите граѓани е најважниот сегмент и темелот на сите заложби на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
На светскиот ден на социјална правда Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на мерки и проекти со кои ќе овозможи еднакви услови и можности за сите граѓани.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на мерки и проекти кои се реална помош на ранливите категории на граѓани.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение велат дека ќе ги субвенционираат граѓаните кои спаѓаат во ранливата група по 1000 денари за потрошена електрична енергија во траење од 12 месеци.
Најавени се изградба на нови градинки, училишта реконструкции на студентски домови и спортски сали.
Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ велат дека се во соработка со општествено одговорни компании кои ќе донираат 255 системи за филтрација на воздухот наменети за градинки, училишта, болници и други јавни установи.
Владата веќе соопшти дека е донесена одлука за ограничување на маржата за 1.000 производи.
ВМРО-ДПМНЕ се грижи за ранливите категории на граѓани стои во соопштението.