Забавите на богаташите: Кокаин, секс, ѕвезди, алкохол во неограничени количини…

0
893
Оној кој сака да се забавува со ѕвезди, окружен со секс, дрога и музика, за почеток треба да има длабоки џебови.

Пред СИДА-та, луѓето многу се забавувале. И тоа го правеле во Plato’s Retreat – познат свингерски клуб во Њујорк.

Тоа било златно место кое ги обележало годините измеѓу „Длабокото грло“ и ХИВ, но за хетеросексуалците. Таму можело да се најде забава 24 часа дневно, доаѓале многу ѕвезди и таму настапувале, можело да се оди во сауна, базен, кревет и имало предупредување ако доаѓала полиција. И, секако, тоа било место на кое сексот не престанувал.

Поентата на ова култно место била поврзување на клубската сцена со сексот. Без разлика дали во 1977 година сте копнееле за дружба со селебрити, секс со пријател или порно ѕвезда, а сето тоа со мала помош на дрогата, сè што требало да направите е да појдете во Plato’s Retreat. Ова било местото на кое би виделе други луѓе и би биле видени, и тоа за (во тоа време) прилично висока цена од 60 до 80 долари, пишува порталот „Ozy”.

03-platos-432

Пред клубот биле паркирани лимузини, а политиката на пуштање гости била слична на онаа која ја практикувало и Studio 54 – ексклузивен и дизајниран клуб за да има што повеќе жени. Единствениот вид на секс кој не се допуштал бил оној измеѓу мажи, а кога ќе вметнете и диско музика и многу дрога, ќе сфатите дека станувало збор за една од најавантуристичките сцени на таа деценија.

Денес, неколку децении, книги и документарци подоцна, Plato’s Retreat потсетува на дамнешните денови на слава.

Иако можеби тешко ни е да се вратиме во состојбата на свест во тоа време (а, во поглед на изгледот и музиката, веројатно исто така сето тоа би ни било попрво смешно отколку возбудливо), не можеме да го игнорираме фактот дека под целиот тој сјај и гламур се наоѓал бизнис каков што постои и денес – без разлика дали се работи за секс, дроги или ѕвезди кои ги бараат своите пет минути слава, после што сакаат барем на кратко да побегнат од сето она што таа го носи со себе.

Клубот бил затворен откако сопственикот Лери Левенсон бил осуден поради затајување на данок. Пред Левенсон да заврши зад решетки (кој и самиот станал ѕвезда поради својот клуб), се фалел пред група мафијаши дека може да доживее оргазам 18 пати дневно.

Тоа успеал и да им го докаже, вкупно 14 часа и 25 минути подоцна, а благодарение на тоа го освоил облогот и целиот среќен отишол во затвор, а неговиот клуб само уште малку повеќе се „зацементирал“ во историјата, пишува порталот „Ozy”.