Friday, January 17, 2025
0.8 C
Skopje

ЖУСТРО ПРЕД СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО ОН – БЛИНКЕН СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН : НЕ САКАМЕ ОВАА ВОЈНА ДА СЕ ПРОШИРИ, НО ДОКОЛКУ СЕ НАПАДНЕ БИЛО КОГО ОД АМЕРИКАНСКИ ПЕРСОНАЛ САД ВЕДНАШ ЌЕ ДЕЈСТВУВААТ

– САД не бараат конфликт со Иран. Ние не сакаме оваа војна да се прошири. Но, ако Иран или неговите посредници нападнат кого било од американски персонал, не залажувајте се, ние ќе го браниме нашиот народ, ќе ја браниме нашата безбедност, брзо и одлучно, потенцираше Блинкен во обраќањето пред Советот за безбедност на ОН.

САД го обвинија Иран, сојузник на Хамас и на либански Хезболах, за „активно олеснување“ на нападите врз базите каде што се стационирани американски војници на Блискиот исток, и го засилија своето воено присуство во регионот.

Блинкен, исто така, го повика Советот за безбедност да ја поддржи американската нацрт-резолуција, која го нагласува правото на сите држави на индивидуална или колективна самоодбрана.

Советот за безбедност на ОН, поделен во однос на израелско-палестинското прашање, минатата недела го отфрли рускиот предлог за резолуција со која се повикува на „хуманитарен прекин на огнот“.

Друга нацрт-резолуција подготвена од Бразил беше блокирана од американското вето. Вашингтон го осуди текстот, во кој не се споменува правото на Израел да се брани.

Блинкен праша каде е бесот, згрозеноста, отфрлањето и експлицитната осуда на ужасот, откако наброја некои од акциите на Хамас во нападот на Израел на 7 октомври.

– Ниту еден член на Советот, ниту една земја во овој круг, не би можела и не би сакала да толерира масакр на својот народ , рече Блинкен. /МИА

 

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ