ЖИТЕЛ НА СТРУШКОТО СЕЛО ЛИВАДА ПРИВЕДЕН ПОРАДИ МАСАКРОТ НА БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА ВО СТРУГА КОЈ ОД КОНТЕЈНЕР НАПРАВИЛ МАСОВНА ГРОБНИЦА

0
630

62 годишен жител на струшкото село Ливада е приведен како осомничен за вчерашниот крвав поход, во кој на улиците на Струга со пушка беа убиени  десетина кучиња.

Од МВР потврдија дека лицето повикано на службен разговор и при претрес му е одземена и ловечка пушка за вештачење. Најавуваат дека ќе го гонат за кривичното дело Мачење животни, за кое е предвидена парична или казна затвор до 6 месеци..

Десетина здруженија за заштита на животните денеска упатија отворено писмо до Министерот за внатрешни Спасовски, во кое се жалат за постапувањата на полициските службеници во случајот..бараат да се утврдат попустите и да има одговорност..

Реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ, како што велат институциите на власт не покажуваат идеја или желба за системско решавање на проблемот.