Утрово беше блокиран патот од Прилеп кон Плетвар поради протест кои до одржаа активисти од Прилеп, кои се собраа за да го изразат револтот поради отворањето на рударскиот коп кај Ореовец.
Беа присутни жители на селата Оревоец, Крстец и Плетвар. Протестираат против отворањето на рударскиот коп во непосредна близина на Ореовец од страна на Јавното претпријатие за државни патишта и фирмата Бехтел и Енка. Протестот беше одржан на местото Заполошки Мост од 6:30 до 9:00 часот, и сообраќајот беше во прекин во тој период.
„Со отворањето на споменатиот коп на само неколку стотици метри од селото Ореовец, загрозен е неговиот опстанок со минирање и вршење ископ со тешка технолгија, загрозени се градбите во селото, доведени се во опасност изворите на вода, од кои неколку се спроведени и во системот за водоснабдување и на градот Прилеп, загрозен е опстанокот на ендемскиот вид пеперутка Македонската Сивка, како и на други ретки видови растенија и живи суштества.
Наведените штети, загрозувања и опасности се потврдени од страна на компетентни експерти од соодветните области, но надлежните институции до денес немаат преземено речиси ништо за спречување на ова зло, кое не ги загрозува само споменатите села и нивните жители, туку и градот Прилеп.
Затоа, ги ПОВИКУВАМЕ сите свесни и способни Прилепчани, масовно да го подржат овој протест со блокада, со цел да се спречи ескалација на наведените состојби и неконторлираното предизвикување непоправливи штети по нашето здравје, но и нашиот опстанок!“, велат организаторите, „Спас за Прилеп“.