ЖЕСТОК И БРУТАЛЕН ОДГОВОР на професорот Јове Кекеновски на тој мунгосот што го плукаше преку режимските портали…

0
667

jove-kekenoski

Жалам што одбравте погрешен момент да ја „браните“ мојата ВМРО ДПМНЕ и мојата држава и тоа токму од мене. Ја браните партијата за која вие со оглед на годините ја знаете само од приказните. Ми наликувате исто како оние кои партијата ја бранеа од мене и моите соистомисленици во времето кога ние се боревме против бугарофлитите на нашата партија. Исти сте како нив. Набрзо ќе се извинувате за Вашата заблуденост како што се извинија и многумина тогаш а поголем дел од нив пред мене и ден денес ја наведнуваат главата. Немојте и Вие да бидете истот како нив. Сепак сте премлад да носите таков товар цел живот.

На Македонија и на нашата партија и се потребни луѓе со свој став и интегритет. Да Ве потсетам само на основите постулати принципи на демохристијанската иделогија кои налагаат среќата и успехот на поединецот или групата да се бараат во среќата и благосостојбата на останатите припадници на општеството и државата, но и обратно. Верниот и искрен демохристијанин (вмровец) ја отфрла слепата покорност и потчинетост кон секој облик на власт односно ги отфрла сите облици на авторитарно и тоталитарно владеење. Демохристијанството налага водењето на државната политика да биде засновано на морални критериуми и принципи и почитување на демократските права и слободи на граѓаните.

Каде ги видовте овие постулати во праксата младо момче. Слушнавте ли од снимките што се се правело или слушавте со пола уво. Сметате ли дека партијата треба да биде заштитиник на интересите на поединци кои се огрешиле од Уставот и Законот, а посебно од моралот. Треба ли да браните некој на кој партијата му служела за сосема други интереси отколу за заштита на вистинските и националните интереси?.

Мој млад сопартиецу мора јавно да одговорите на прашањето Дали откривањето на начинот на кој функционирало едно раководство (во било која партија), така како што функционирало треба да се брани или сокрива!?. Мислите ли дека откривањето на нивното однесување и работење ги загорозува националните интереси и стабилноста на државата?.

Не млад мој сопартиецу. Стабилноста на нашата држава ја загрозувате Вие кои ги штитите Вашите лични позиции, Вашите полни џебови. Сте се запрашале ли како живеат најголемиот број на Ваши постари сопартијци. Сте се запрашале ли како тоа оние кои до вчера се бореа против ВМРО ДПМНЕ и беа во други партии денес се перјаницата на ДПМНЕ. И исто како Вас фрлаат дрвја и камења по Нас.
Младо и заблудено момче, не се сомневам во Вашите можеби искрени намери, но очигледно не сте доволно инфомирани или морате да одработите за она што морате да го одработите. Срамно е за тебе и за твоето семејство зад тебе да се кријат нарачателите на нападите на мене, зошто еден ден пак се ќе излезе во јавноста.

П.С кога се работи за приоритет дали државата или партијата јас милион пати сум кажал дека за мене е најбитна нашата држава Република Македонија. Впрочем Ве упатувам нешто да поднаучите отварајќи го овој линк. http://24vesti.mk/jove-kekenovski-kako-pretsedatel-kje-ja-stavam-drzhavata-pred-partijata./ . А што се однесува за Вашите медиумски поддржувачи мислите ли дека не знааат виостинските вмровци кои се и какви се и на кој начи се купени.

Со почит млад сопартиецу Србаков