ЖЕСТОКА КОЛУМНА НА ПЕТАР ГОШЕВ: Со тоа што му дозволивме на Грујо да ни го прави ова толку долго, сите ние како народ сме мулиња!!!

0
2166

Фантастична колумна на Петар Гошев за Плусинфо, еве мал извадок:

Македонија денес е во канџите на една проклета спирала – производ на неинклузивни политички институции, во кои суспензијата на системот на поделба на власта, на уставните ограничувања, има клучно место што ја турка земјата кон самоуништување. Македонија ги нема трите коњи кои Рузвелт сакал да ги впрегне во една бразда со еден правец на движење, неговиот. Системот на САД се одбранил и тоа од еден брилијантен претседател, кој во еден момент посакал да концентрира повеќе моќ од таа што му била пропишана со уставот. Перу, Венцуела, Аргентина… не се одбраниле. Македонија исто така, уште пред да закрепне, не успеа да го развие и одржи независното дејство на трите власти. Апашот, де факто, изврши државен удар.

Со полиција го затвори Парламентот (најсликовито на 24 декември 2012). Во судството вбризга толку „свежа крв“, така што во отсуство на доволно хигиенски садови таа се згрутчи и засмрде до неподносливост. Носењето закони во затворениот парламент и одлуки на владата на најголемиот криминалец во историјата на Македонија, всушност претставува издавање декрети од единствениот коњ, беспоговорно спроведувани од две мулиња што тој (коњот) ги води каде сака. На едното муле му реди ѓердани на гривата од сваровски. На другото му има залепено хипотекарна меница, од 300.000-500.000 евра. Случајно да не порасне и сам си побара трева за пасење. Банално е, но така е затоа што ни е страв од вистински плурализам, кој бара одговорност од сите нас – граѓаните на државата.

Кукавици не можат да примат одговорност. Погледнете ја економската карта на светот: сите земји со еден коњ/кобила се во тешка сиромаштија. Ги убива неправдата и корупцијата. Стануваат земји на масовен егзодус. Пустелија од која се плашат и мршојадците. А ние, огромното мнозинство, чекаме земјата да ни ја изора и да ни ги отстрани мршојадците, како четврта или петта власт, „екстерниот коњ“. Веројатно, затоа што повеќето сме само мулиња.

Целата колумна на следниов линк линк.